На една од најдобрите тенисерки во историјата и се заканува затворска казна

68

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња Аранча Санчез Викарио заврши на суд поради обвиненија дека не плаќала данок на банката и поради тоа и се заканува и затворска казна. Таа и нејзиниот сопруг Џузепе Сантакан должат 6,6 милиони евра вклучувајќи и камати. Славната тенисерка истакна дека била измамена од страна на поранешниот сопруг Сантакан кој од 2009 година ги водел нејзините финансии.

Таа изјавила дека своите финансии ги препуштила на тогашниот партнер и наводно рекла дека мора да плати данок, а тој не ја послушал. Ја уверувал дека редовно ги плаќал даноците и дека не треба да се грижи за тоа. По неколку години се дознало дека данокот никогаш не бил плаќан.

Во автобиографијата која излезе пред десеттина години ги обвини своите родители дека речиси целата заработка од 50 милиони долари ги потрошиле на катастрофални бизнис одлуки, а сега на судот во Барселона го обвини поранешниот сопруг за незаконско работење како и за банкротот во кој се наоѓа.

„Му верував, го сакав и погрешив. Ме измами. Од 2009 година со моја дозвола ги исплатува сите сметки како и даноци. Ме уверуваше дека се е во ред“, изјави шпанската тенисерка.

Санчез Викарио во кариерата освои вкупно 29 турнири, од кои три пати Ролан Гарос и еднаш УС Опен во сингл конкуренција. Неколку пати беше прва на ВТА листата.

ФОТО: Screenshot/tV3

 

ПретходноВеќе нема дилеми, Александар Трајковски утре става потпис!
СледноТиаго Алкантара сака да оди во Трабзон, Ливерпул не го пушта