Ница го “расплака“ скапиот ПСЖ на “Паркот на Принцовите“….емотивно збогување на Верати! (ВИДЕО)

279

 

ПСЖ – Ница 2:3 е исходот на дербито на 5.коло во Лига 1.Кој ли само можеше ова да го очекува. Ова е прв пораз на Луис Енрике како тренер на “светците“. Бадијала беа и двата гола на Килијан Мбапе, сеапак парижани на свој терен се поразени.

Мофи во 21.минута донесе водство на Ница, неколку минута потоа Мбапе постигна гол за 1:1. Лаборде во 53.минута носи ново водство за Ница од 1:2, пoтоа Мофи стрелаше уште еднаш за 1:3.

Мбапе само во 87.минута го ублажи поразот.

Инаку по цели 14 години Ница успева да триумфира среде Париз.

Да кажеме и тоа дека Марко Верати доста емотивно и официјално се прости од ПСЖ. По долги години играње во прескапиот тим од Париз тој достојно беше испратен од фановите на ПСЖ.

Image

ПретходноЛеверкузен со гол од пенал во 90+4.минута извади бод во Минхен! (ВИДЕО)
СледноСтоле со чиста мрежа, Рајо со победа! (ВИДЕО)