Полјаците во финалето на ЕП ќе мораат без повредениот капитен Курек

117

Голем пех за Полска вопресрет на саботното финале на Европското првенство во одбојка. По вчерашниот полуфинален меч со Словенија, кој Полјаците го добија со 3:1, селекторот Никола Грбиќ пред новинарите потврди дека Бартош Курек нема да игра во финалето на ЕП.

Според Грбиќ, капитенот на полската репрезентација, кој неодамна се бореше со една незгодна повреда, повторно почувствувал болка на истото место.

„Не знаеме што се случува, но сето тоа значи дека ќе мораме без него во финалето. Според нас, направивме се што требаше да направиме. Сега знаеме дека тој нема да игра во финалето“, потврди Грбиќ.

Проблемот со повредата на искусниот играч се влошиле за време на загревањето пред натпреварот против Србија, меч во кој Курек учествуваше само во една акција.

ПретходноАлкалоид во „очите“ на ЕХФ: Младите момци ќе летаат на крилата на победничкиот менталитет на Лазаров!
СледноКристијан Грчевски е нов в.д. селектор на женската ракометна репрезентација