Тиаго Алкантара сака да оди во Трабзон, Ливерпул не го пушта

152

Тиаго Алкантара сака да го напушти Ливерпул. Според шпанскиот весник „АС“, Трабзонспор сака да го ангажира 32-годишниот играч од средниот ред пред затворањето на преодниот рок. Самиот фудбалер е заинтересиран да се пресели во турскиот клуб, но стручниот штаб на Ливерпул претпочита тој да остане.

Трабзонспор на играчот му нуди двегодишен договор со можност за продолжување на една сезона. Зделката е комплицирана поради тоа што на клубот му остануваат уште помалку од 48 часа да ја заврши, а Ливерпул нема намера да го продаде Шпанецот.

ПретходноНа една од најдобрите тенисерки во историјата и се заканува затворска казна
СледноСкандал во Дејвис Купот: Американецот Тиафо „дивееше“, па САД загубија од Холандија (ВИДЕО)