Она што се најавуваше два дена, од попладнево е и официјално. Алекс Трајковски, херојот од Палермо е новата “деветка“ на Хајдук, на култниот хрватски и екс – југословенски клуб. Македонскиот репрезентативец, вториот стрелец, веднаш зад Пандев, во историјата на нашата репрезентација, секако дека во Сплит доаѓа како засилување. “Билите“ го најавија како голема ѕвезда и веднаш му ја доделија “деветката“ Дресот со тој број низ историјата ја Хајдук го носеле само големи имиња.
Малку да се вратиме низ историја. Многи Македонци го носеле дресот на Хајдук, анекои од нив оставиле длабока трага како Ванчо Балевски, Драги Сетинов, Арбен Нухиу, Гоце Седлоски, Игор Ѓузелов, Мирослав Вајс, Игор Кралевски, а во поново време и Мирко Ивановски, Јани Атанасов, еве сега и Александар Трајковски.