Хоџиќ: Подготвени сме за секој тим

232

Тимот на Шкупи по репрезентативната пауза се враќа на домашен терен и ќе ја пречека екипата на Брера. На овој меч ќе дебитира новиот тренер, Жижовиќ, а како најава за истиот оди изјавата на интернационалецот од Босна, Армин Хоџиќ.

„Двонеделната пауза беше ефективна, атмосферата во клубот е прекрасна. Работевме многу добро и со голема посветеност во овој период. Секој ден се подобруваме и сме подготвени за секој тим. Секако, бараме успех од натпревар во натпревар, да се издигнеме уште повеќе како тим и да ги постигнеме нашите цели“ . – вели Хоџиќ.

Во последните пет пресметки меѓу Шкупи и АП Брера Струмица, чаирчани забележаа три победи и две нерешени.

Мечот се игра утре со почеток од 15:00 часот.

 

ПретходноХеројот од Палермо е новата “деветка“ на Хајдук! (ФОТО)
СледноОфицијално: Марио Балотели се врати во Адана Демирспор! (ВИДЕО)