Четири фудбалери на Реал Мадрид се во притвор, им се заканува затвор од четири години

574

Нов секс скандал го тресе фудбалскиот свет. Овојпат во него се вмешани четири фудбалери на Реал Мадрид, третата екипа (Реал Мадрид Ц), кои што меѓусебе си препраќале видео со сексуален чин со малолетничка.

Фудбалерите меѓусебе си го препраќале видеото преку апликацијата „WhatsApp“, а случајот го пријавила мајката на инаку 15. годишно девојче.

Засега се уште не се познати имињата на уапсените. Сепак, ризикуваат да одат зад решетки во период до 4 години. Важно е дали девојката се согласила на снимањето на видеото, а доколку не е така, ситуацијата за младите фудбалери ќе стане уште посериозна. Момчето кое што го снимило видеото е во најголема опасност да добие сериозна казна затвор. 

 

ПретходноЈирген Клоп: Сакаме нов Ливерпул, а не копија на стариот
СледноМакедонија дефинитивно ќе игра против Франција пред 50.000 гледачи