Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од развојот на неговиот тим, но сака луѓето да го гледаат како процес на градење нов тим кој нема да се споредува со претходниот кој ја освои титулата во Англија и Лигата на шампионите.
„Знам дека луѓето сметаат дека требаше да донесеме уште нови фудбалери летово. Но не е до тоа да донесеш само нови фудбалери. Не е клучно да изградиш тим од нула. Не, туку да градиш тим постепено. Кога градите тим, мора да се изгради и духот и менталитетот на екипата. Не сакам овој тим да се споредува со оној стариот. Задоволен сум како ги поставивме темелите. Навистина ми се допаѓа овој тим, но сè уште сме рано. Ајде да продолжиме и да видиме што ќе се случи. Променивме некои работи и доведовме нови играчи кои ни нудат интересни работи. Овде сум 8 години, но ова е прва година и целосно сум посветен на тоа. Сакаме да станеме нов тим, а копија на стариот“ – изјави Клоп, па се осврна на ситуацијата со повредените играчи.
„Трент Александер Арнолд сигурно нема да тренира уште десетина дена. Конате е тука, тој е на тренинг веќе два дена. Акантара веќе трча. Дарвин Нунез сеуште не сум го видел откако се врати од репрезентацијата. Алексис Меккалистер играше во Боливија пред нешто повеќе од 24 часа, а слета во Англија во 04:00 изутрина. Луиз Диаз пет часа подоцна од него. Ќе видиме кој е способен и за што“ – додаде Клоп.