Во пресрет на неделниот првенствен натпревар меѓу Тиквеш и Вардар, се случил голем инцидент во салата „Јасмин“ во Кавадарци, каде што навивачите на Тиквеш, популарните „Лозари“ биле физички нападнати од навивачите на „Вардар“ – „Комитите“, пишува „Лидер“.
Според информациите, во инцидентот биле користени палки, пиротехника и тврди предмети. Инцидентот се случил завчера околу полноќ, кога навивачите на Вардар со неколку возила пристигнале во Кавадарци и употребувајќи физичка сила влегле во спортската сала „Јасмин“ каде се наоѓале навивачите на Тиквеш кои во тој момент подготвувале кореографија за претстојниот натпревар меѓу двата фудбалски клуба.
Комитите вчера на социјалните мрежи се пофалија со одземени навивачки реквизити на Лозари.