Кристијан Грчевски е нов в.д. селектор на женската ракометна репрезентација

222
0

Управниот Одбор на Ракометна Федерација на Македонија донесе одлука за именување на Кристијан Грчевски на функцијата вршител на должноста, селектор на женската сениорска репрезентација.

Според информацијата која ја потврди РФМ, во стручниот штаб на женскиот национален сениорски тим се именувани и Ања Алтхаус и Едуарда Амоурим Талевска како помошни тренери.

Грчевски и неговите асистенти ќе бидат во функција вршители на должност за време период на одигрување на квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2024 година.

ПретходноПолјаците во финалето на ЕП ќе мораат без повредениот капитен Курек
СледноФАКТИ пред 238. миланско дерби: Петтипат во 2023 година, Лаутаро како Џузепе Меаца…