Лион донесе Италијанец како замена за Лоран Блан

135

Француски Олимпик Лион конечно најде нов тренер. По отказот кој го доби Лорен Блан на негово место пристигна Фабио Гросо.

Изборот падна на човекот кој на Италија и ја донесе последната светска шампионска титула во 2006 година. Гросо во својата кариера настапуваше за Лион во периодот од 2007 до 2009 година и во тој период ја освои титулата и Купот.

Во својата тренерска кариера досега ги водеше Бари, Верона, Бреша, швајцарски Сион и Фросиноне.

Лион моментално е на последното место во францускиот шампионат со само еден освоен бод по четири одиграни натпревари.

ПретходноСкандал во Дејвис Купот: Американецот Тиафо „дивееше“, па САД загубија од Холандија (ВИДЕО)
СледноПешиќ ќе замине од клупата на Србија по ЛОИ во Париз 2024