Лука Војнески ги засили редовите на Вардар

271

Младиот фудбалер Лука Војнески е ново име во редовите на ФК Вардар. Војнески има 19 години, игра на позициите последен играч за врска и лев бек. Потекнува од младинската академија на ФК Работнички, а во досегашната кариера има настапувано и за екипaта на Кожув, а последен клуб му беше Опатија од Хрватска.

Тој доаѓа во „црвено-црните“ како слободен фудбалер, a може да дебитира уште во недела кога тимот ќе му гостува на Тиквеш.

 

ПретходноЃорческа со убедлива победа за пласман во полуфиналето на „Триглав опен“
СледноГуштери го попречија првиот Ф1 тренинг на „Марина беј“