Нагелсман добил понуда да биде селектор на Германија со договор со СП 2026

113

Поранешниот тренер на Баерн, Јулијан Нагелсман, наскоро ќе ја преземе селекторската палка во германската фудбалска репрезентација. Ова го објави инсајдерот Николо Шира на својот Твитер профил.

Според него, раководството на Германскиот фудбалски сојуз му понудило на 36-годишниот Германец договор до 2026 година. Преговорите меѓу страните продолжуваат деновиве, а вчера и весникот „Билд“ потврди дека Нагелсман е во напредни преговори со Федерацијата.

Имаше информации и дека Баерн е подготвен да го ослободи Нагелсман од актуелниот договор доколку Германскиот фдубалски сојуз се согласи да му ја исплати преостанатата плата.

ПретходноУтре во „Градски Парк“ меморијален турнир „Војче Синадиновски“
СледноАлкалоид во „очите“ на ЕХФ: Младите момци ќе летаат на крилата на победничкиот менталитет на Лазаров!