Во недела во големото дерби на Турција, Трабзонспор го дочекува Бешикташ. Секако дека дуелот на двата гиганти во Турција побудува голем интерес. Па така денеска тренерот на Трабзон, Ненад Бјелица за медиумите даваше изјави, секако дека беше прашан што мисли за фантастичната форма во која се наоѓа нашиот репрезентативец Енис Барди кој со Италија донесе бод постигнувајќи супер гол од слободен удар, а на Малта исто така беше одличен.
Инаку и пред оваа пауза, во дресот на Трабзон, Барди знаеше да „теесе“ и да дели асистенции.
Токму тоа од него го бара и Бјелица кој искоментира:
“Очекувам Барди да продолжи со добрата форма. Јас сум задоволен од него, лично очекувам да продолжи со головите и асистенциите, она што го правеше досега, нека го го прави и натаму“посочи хрватскиот стратег.