Столе Димитриевски одново со чиста мрежа во дресот на Рајо Ваљекано, и тоа вечерва во меч од 5.коло во Ла Лига. Триумф над Алавес со 2:0, а нашиот голман и немаше којзнае колку работа, но и таа што ја имаше беспрекорно си ја одработи.Очигледно е дека повредата што го мачеше заработена на средбата со Италија сега е минато.
Да споменеме дека головите за Рајо Ваљекано беа дело на Палазон во 43.минута од пенал и Де Футрес во 82.мнута. Со овие три бода сега Столе и Рајо имаат 9 бода по пет натпревари.