Убава вест: Столе не е потешко повреден, вечерва ќе брани за Рајо!

117

Убава вест од Шпанија. Столе Димитриевски не е потешко повреден, деталните лекарски прегледи покажаа дека повредата заработена на средбата Македонија –Италија, сепак не била од потежок карактер, па така тој може да брани.

И ќе брани уште вечерва за својот Рајо Ваљекано, на средбата која започнува во 21 часот и тоа против Алавес на свој терен. Македонецот и официјално е најавен како стартер.

Да се потсетиме дека поради повреда од дуелот со Италија, тој не беше во можност да брани на Малта, но и Шишковски одлично си ја одработи својата работа а Македонија победи со 0:2.

ПретходноФановите на Хајдук воодушевени од доаѓањето на Алекс: Добредојде момче Македонче!
СледноСити го посакува бисерот на Барса, Пеп веќе разговарал со него!