Утре во „Градски Парк“ меморијален турнир „Војче Синадиновски“

120

Одбојкарскиот клуб Работнички 71&22 викендов во Скопје ќе го организира интернационалниот Меморијален одбојкарски турнир „Војче Синадиновски“. Турнирот се органзиира во чест на еден од основачите на најтрофејниот одбојкарски колектив по осамостојувањето, кој по низа финансиски проблеми престана да функционира пред неколку години, но од минатата сезона повторно е обновен со помош на локалната самоуправа.

Меморијалот „Војче Синадиновски“ ќе се одржи в сабота во салата „Градаски Парк“ со учество на четири екипи. Покрај организаторот и домаќин, Работнички 71&22 на турнирот ќе учествуваат и екипите на Видовдан од Грачаница, Србија, Звездец од Бугарија и екипата на Универзитет Гоце Делчев од Штип, исто така наш прволигаш.

Според официјалната програма, натпреварите ќе стартуваат во 10 часот со дуелот меѓу Работнички 71&22 и Видовдан, па потоа ќе следува свеченото отворање на турнирот, и од 12:30 часот вториот меч меѓу Звездец и Штип УГД. Натпреварот за трето место ќе се одигра од 14:00, а финалето од 15:30 часот.

ПретходноПешиќ ќе замине од клупата на Србија по ЛОИ во Париз 2024
СледноНагелсман добил понуда да биде селектор на Германија со договор со СП 2026