Чешки клуб се „засили“ со студент кој никогаш не играл фудбал, татко му го платил трансферот

221

Неверојатен трансфер во Чешка. Локалниот фудбалски клуб Усти над Лабем кој игра во Третата лига и се шести на табелата (10 бода од 6 меча) го претстави новото засилување, 22-годишно момче кое никогаш не играло фудбал.

Се работи за Мартин Подхајски кој стана член на Устин над Лабем, кој воедно е студент по право и е вработен во фирма за недвижности. Неговото искуство во фудбал е лимитирано со натпревари од видео играта ФИФА, но сега е регистриран како фудбалер.

Како се случил трансферот. Таткото на Мартин му платил на клубот 20 000 евра за неговиот син да дебитира на еден меч во пролетниот дел од сезоната и да одигра барем 10 минути како капитен. Парите клубот ќе ги искористи да ја реконструира атлетската патека на стадионот.

Голем дел од фудбалските љубители го одобруваат овој трансфер затоа што велат дека е „вин-вин“ ситуација (двете страни се во ќар).

За вакви пари ќе му дозволам на секого да игра. Само нека влегуваат пари во клубот. Тој сакаше да игра, неговиот татко се јави и понуди пари. Го завршивме трансферот и тој ќе може да игра. Прво ќе следи неколку натпревари од клупата, потоа ќе игра според договореното“, изјави првиот човек на чешкиот клуб.

 

ПретходноГуштери го попречија првиот Ф1 тренинг на „Марина беј“
СледноЧленките на ШК Алкалоид ВМ Бела Котенашвили и ИМ Лела Јавакхишвили Светски екипни шампиони!