Брера му го гостува на Шкупи, тимот кој што пет години го нема победено во ПМФЛ…деби на Жижовиќ!

222

Откако имаше фантастичен старт, победи на првите четири меча во новата сезона, Брера Струмица како да почна да “поткашлува“. Прво загуби во Штип од Брегалница, за да потоа дома одигра 0:0 против Работнички. Струмичани и натаму се на делба на првото место на табелата, но денеска ги чека гостување кај најтешкиот можен ривал за нив.

Имено Брера Струмица нема победа над Шкупи во ПМФЛ цели пет години, последен пат тоа се случи на 26 август 2018 година, кога беше 1:0 во Струмица. Брера или А.Пандев никогаш нема славено на Чаир или кога му гостува на Шкупи. Секако дека тие две победи во Купот не ги сметаме, едната е на 4 декември 2019 на Чаир со 0:1.

Но тоа е историја. Денеска се среќаваат две одлични екипи за наши услови, екипи коиимаат високи амбиции,кои и тоа како сакаат да се најдат меѓу оние кои следното лето ќе играат во Европа.

Мечот се игра на Чаир со почеток од 15 часот, а на клупата на Шкупи свое деби ќе има Младен Жижовиќ, новиот тренер кој во паузата дојде на местото на Чихат Арслан. Денеска ќе го видиме на дело Шкупи на Жижовиќ.

Мечот ќе го суди Александар Грујоски од Кичево, а од 15 часот ќе биде пренесуван на Арена Спорт и МРТВ.

ПретходноДинамо не се откажува од сонот: Добитникот на „Златна топка“ може да стане соиграч на Адеми и Ристовски
СледноПСЖ со најлош старт во „ерата“ на Шеиците