Влаховиќ со два гола му донесе победа на Јувентус над Лацио

47

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ постигна два гола во триумфот на Јувентус над Лацио со 3:1 во 4.коло на Серија А.
Србинот го отвори резултатот со погодокот во 10 минута, зголеми Федерико Киеза во 26 минута. Во 64 минута Луис Алберто го намали резултатот, а три минути подоцна Влаховиќ со прекрасен погодок за запечати победа на „Старата дама“ од 3:1.
Јувентус е лидер со 10 бода (три победи и едно реми), а Лацио има три бода (една победа и три порази).

ПретходноПМФЛ: Брера падна на Чаир, Жижовиќ тргна со победа! (ВИДЕО+ФОТО)
СледноВМФЛ: Детонит ја шокираше Беса, Кожув го “скрши“ Пелистер, сега само гевгеличани се максимални! (видео)