Екипата на Загреб, кој е еден од противниците на макеоднскиот шампион Е. Пелистер го смени тренерот. Како што вечерва објавија хрватските медиуми, Славко Голужа повеќе не е тренер на првиот тим на Загреб.
„Раководството на ракометниот клуб Загреб и тренерот Славко Голужа меѓусебно ја прекинаа досегашната соработка“, се вели во соопштението на хрватскиот шампион.
Ова беше трет мандат на Голужа на клупата на ракометниот клуб Загреб, а функцијата ја извршуваше од втората половина на ноември минатата година.
Во продолжение екипата ќе ја води тренерот Андрија Николиќ, кој му беше помошник на Славко Голужа.