Под водство на Луис Енрике, ПСЖ го бележи најлошиот старт во ерата на Катарците. Францускиот првак синоќа беше совладан од Ница со 2-3 на домашен терен и во моментов се наоѓа на третото место на табелата во тамошниот шампионат.
Ниту поразот, ниту играта засега не го загржуваат предводникот на ПСЖ. Напротив тој по мечот истакна дека е задоволен од играта на својот тим, и не гледа причина за загриженост.
„Задоволен од играта што ја прикажа мојот тим. Навистина сум задоволен. Кога даваш 100% за што би се пожалил. Имаме простор за напредок, свесни сме за тоа, но нема простор за да бидам загрижен. Ница одигра одлично и остана непоразена. Им честитаме за победата, нам ни останува да работиме“, е дел од изјавата на Енрике по првиот пораз оваа сезона.
ПСЖ по пет кола има уште две победи и две ремија.