Марко Верати синоќа последен пат стоеше покрај фановите на ПСЖ. Навивачите на францускиот првак последен пат го скандираа неговот име после 11 години, 416 натпревари и 11 голови во дресот на „светците“.
Во Франција дојде во 2012 година од Пескара, под Ајфеловата кула изгради репутација како еден од најдобрите везни играчи.
Верати едвај се воздржуваше, едвај зборуваше. Се обидуваше да се смее, но очите му беа полни со солзи, во еден момент емоциите го надвасаа и солзите сами протекоа.
ПСЖ на видео-бим пушти порака од некогашните соиграчи на Верати, а посебна беше од Златан Ибрахимовиќ, токму во тој момент Италијанецот пушти солза.
„Здраво Марко, тука е твојот газда. Она што го направи за ПСЖ за градот е неверојатно, играше долги години. Стана голем фудбалер, она што ќе го оставиш зад себе ќе биде запишано во историјата. Ќе ми недостигаш на мене, но и на сите. Грижи се за себе. Засекогаш ќе останеш мој пријател“, е порака на Ибра.
Messages from our former Parisians for Marco Verratti ❤️💙
✨ #MerciMarco pic.twitter.com/nvoRCBfFxY
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) September 15, 2023
— PSG Report (@PSG_Report) September 15, 2023
„Да се направи споменик во чест на Марко“, ова беше паролата од навивачите.
Верати својата кариера ќе го продолжи во Ал Араби која за него плати 50 милиони евра, а тој ќе заработува 14 милиони евра годишно.