Какво 238.дерби на градските ривали на Милано? Фантастично за Интер, разочарувачко за Милан. Интер – Милан 5:1 е епилогот на вечерашното “Дерби дела Мадонина“ на преполниот „Џузепе Меаца“. Тимот на Инзаги просто го декласираше составот на Пиоли за еуфорија на “сино – црниот“ дел на градот.
Европскиот вицешампион поведе со голот на Мкхтаријан уште во 5.минута. Следуваше “бомбата“ на Турам во 38.минута за 2:0. Со тој резултат се замина на пауза.
Милан со голот на Рафа Леао намали на 1:2 и се чинеше дека се враќа во мечот. Но тогаш Мкхатријан со својот втор гол во 69.минута зголеми на 3:1, а Чалханоглу со гол од пенал во 79.минута погоди за 4:1.И тоа не беше се, Фратези беше стрелец за конечни 5:1 во таа 90+3. минута.
Ова е историска победа за Интер,последен овој тим му дал пет гола на Милан во далечната 1974 кога исто така победи со 5:1.
Ова беше четврта победа на Интер во четвртиот меч сезонава во Серија А, ова беше и првиот примен гол на Интер, па сега има гол разлика 13:1, и со максинмални 12 бода е прв на табелата.
Goal! | Henrikh Mkhitaryan | Inter 3-1 Milan 🇮🇹
🅰️ Lautaro Martínezpic.twitter.com/v7dDClUk83
— FootColic ⚽️ (@FootColic) September 16, 2023