ПМФЛ: Брера падна на Чаир, Жижовиќ тргна со победа! (ВИДЕО+ФОТО)

729

 

Шкупи – Брера 1:0 е епилогот од денешниот меч на Чаир, прв од 7.коло во ПМФЛ. Решавачки момент беше голот на Луан Абази во 69.минута. Продолжува традицијата кога станува збор за струмичани, кои еве веќе пет години и повеќе никако не можат да го побеат тимот на Шкупи во ПМФЛ. Ова значи дека новиот стратег на чаирчани, Младен Жижовиќ со победа го зачини своето деби како тренер на Шкупи на еден официјален меч.

На моменти добар меч, иако се чини дека повеќе се очекуваше од двете екипи. Имаше неколку шанси од двете страни, но сепак само еден гол го реши овој дуел.

 

Инаку мечот почна со шансата на Шкупи уште во 30 секунда,кога Трапановски изби пред голот на гостите, но неговиот центаршут во последен момент беше изблокиран. Се редеа акциите и заканите на домашните,но тоа беа удари над или покрај голот на Брера Струмица. Во 5.минута за малку автогол ќе си дадеа домашните, но за нивна среќа тоа не се случи. До крајот на полувремето Воша во два наврати опасно се закани, но Алчевски беше одличен на својот гол. На другата страна Цветановски во финишот на првиот делја имаше засега единствената шанса за Брера, но на пауза се замина со тие 0:0.

Во второто полувреме некоја нова Брера Струмица. Гостите тргнаа пофаанзивно, тие почнаа да напаѓаат. А во 64.минута Трајков ја погоди стативата, поточно домашниот голман Илјази малку ја допре таа топка која заврши во стативата. Две минути подоцна Трапановски одлично шутираше, но Алчевски фантастично одбрани.

И  конечно гол, во 69.минута откако топката беше нафрлена од корнер. Илиески пожртвувано му асистираше на Абази, а овој ја затресе гостинската мрежа за радост на стадионот на Чаир. За Водство од 1:0. И тоа гол во периодот кога Брера Струмица играше добро. Тој гол делуваше шокантно врз нив.

Сите останати мечеви од 7.коло се играат утре.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноСајнц на пол позицијата во Сингапур, шок за Ред Бул
СледноВлаховиќ со два гола му донесе победа на Јувентус над Лацио