Заврши првото полувреме од мечот од 7.коло во ПМФЛ на Чаир, во кој се среќаваат Шкупи и Брера Струмица. Сосема добар Шкупи,искреира неколку шанси, но сепак на пауза се замина со тие непопуларни 0:0. Брера Струмица претежно се бранеше, од страна на домашните не и беше дозволено да го одигра она што го знае и може.
Шкупи уште во 30.секунда можешеда поведе, но додавањето на Трапановски за малку не стигна до Хоџиќ. Следуваа заканите на Куевен и Рамани, а во 5.минута гостите можеа да се радуваат зошто одбраната на домашните за малку самата ќе си дадеше гол или автогол. И Воша во 18.минута се закани, но Алчевски беше на своето место. Во 21.минута Воша беше сам пред Алчевски, но беше покажан офсајд, се чини дека таквата реакција на судиите беше грешка. Во 43.минута Цветаноски опасно се закани, но ништо, ова беше првата закана на гостите. Врати Трапановски на другата страна, но пак нема гол.