Словенија е „бронзена“ на Европското првенство во одбојка

346

Одбојкарската репрезентација на Словенија го освои бронзениот медал на 33. Европско првенство во машка конкуренција кое денеска завршува во Италија. Во налото финале во Рим, Словенците по двата сребрени медали од последните две европски шампионати, во својата историја го запишаа и првиот бронзен медал, откако го совладаа олимпискиот шампион Франција со 3:2 (25-22, 25-16, 21-25, 18-25, 15-11).

Словенците за кои ова е четврти медал од континенталните собири (досега имаа три сребра), одиграа извонредни први два сета во кои комплетно ја уништија играта на Франција предводена од легендарниот Андреа Џани, но „триколорите“ потсетија на деновите од ЛОИ во Токио 2021 каде стигнаа до златото и успеаја комплетно да се вратат во мечот. Франција ги освои третиот и четвртиот сет и израмни на 2:2, но немаше сили за комплетен пресврт.

На крилата на Можиќ и Урнаут, Словенија го доби петтиот сет со 15-11 и оствари нова голема победа на европската одбојкарска сцена. Младиот Рок Можиќ со 26 поени беше незадржлив за Франција, а Урнаут средбата ја заврши со 19 поени. Трет поентер кај Словенија беше Чебуљ со 15 поени. Кај Франција Нгапет со 18 поени беше најефикасен.

Вечерва од 21 часот се игра големото финале меѓу Италија и Полска.

ПретходноИнтер е газда на Милано: “Неро – аѕурите“ го декласираа Милан! (ВИДЕО)
СледноРакометарите на Голден Арт станаа специјалисти за драми