Екипата на ГРК Тиквеш 2014 ја запиша втората победа. Кавадарчани ја оправдаа улогата на фаворит против дебитантот Аеродром, на гостински терен славеа со убедливи 29-39.
Ракометарите на Тиквеш победата ја најавија во првото полувреме. Поведоа со 2-6, нешто подоцна имаа и плус шест (8-14). Најголемата позитива во овој дел од мечот изнесуваше осум гола 10-18. Домашниот состав пред крајот на овој дел со четири гола успеа да намали на 15-20.
Ништо не се промени и после одморот, Тиквеш поведе со 22-32 и ја најавија својата убедлива победа.
Лидер кај победникот беше Темелкоски со 11 гола, на другата страна Костов запиша 10.