Довчерашниот голгетер на Шкупи, Сандеј Адетунџи, со фантастичен погодок му донесе голема победа на тимот на Чукарички во дуел со шампионот Црвена Звезда во рамките на 7. коло од српскиот фудбалски шампионат. Адетунџи кој пред десетина дена беше промовиран како ново засилување за Чукарички, вечерва постигна евро-гол за 2:1 за својот нов тим и му нанесе нов тежок пораз на „црвено-белиот“ состав од Белград.