Динамо Загреб со 3:0 без никакви проблеми го совлада Славен Белупо.“Модрите“ беа за две класи подобри и заслужено победи. Белег на мечот секако дека беше влегувањето во игра на нашиот репрезентативец Аријан Адеми во 84.минута со што иконата на Динамо беше поздравен од фановите на “модрите“. Ова за него се првите минути кои ги одигра за својот Динамо по враќањето од Кина. Додека Стефан Ристовски го одигра целиот меч.
Ако тоа беше белег тогаш што да се каже невидениот автогол на гостите за 3:0 и тоа преку Штефуљ. Вреди да се погледне. Ваков автогол “Максимир“ не памети.
Goal! | Daniel Stefulj (OG) | Dinamo Zagreb 3-0 Slaven 🇭🇷pic.twitter.com/amNKerchkU
— FootColic ⚽️ (@FootColic) September 16, 2023