Вилсон од пенал му донесе победа на Њукасл (ВИДЕО)

61

Во петтиот меч сезонава, Њукасл ја оствари втората победа. Денеска на „Сент Џејмс Парк“, популарните страчки славеа минимално со 1:0 на мечот против екипатана Брентфорд.

Њукасл постигна гол уште во 57. минута од натпреварот кога Калум Вилсон успеа да ја турне топката во мрежата, но истиот беше поништен поради прекршок. Сепак, седум минути подоцна домашните конечно се радуваа.

По еден старт врз Гордон судијата кој покажа на белата точка, а Калум Вилсон и овојпат погоди, сега за вистинско водство од 1:0.

Гостите имаа свои моменти, но не ги искористија и можат да жалат што не си заминаа макар со бод.

ПретходноАдетунџи со „проектил“ ја уништи Ц. Звезда (ВИДЕО)
СледноТен Хаг по поразот од Брајтон: Видов и некои добри работи!