ВМФЛ: Супер пресметки во Радовиш и Гевгелија, Новаци доби “виза“ од ФФМ да игра на свој терен

510

 

Попладнево од 15 часот се играат сите осум мечеви од 5.коло во ВМФЛ. Секако дека во центарот на вниманието се двете дербија, супер пресметки. Во Радовиш домашниот состав на Детонит го дочекува силниот тим на Беса, а во Гевгелија тимот на Кожув кој има фантастичен старт, го дочекува Пелистер.Овие четири екипи се и првите четири на табелата, а Беса и Кожув се максимални, со четири од четири.

Кога сме кај средбата Кожув – Пелистер, сменет е судијата. Од здравствени причини Александар Урошевиќ откажа, па така денеска главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски.

Новаци доби “виза“ од надлежните во ФФМ и сега ќе може да игра на свој терен во Новаци, денеска овој тим го дочекува Башкими, секако дека ќе биде интересно. Беласица и Победа некогаш водеа големи битки во ПМФЛ, но сега веќе подолго време таворат во Втората лига, денеска се среќаваат во Струмица.

На останатите мечеви се среќаваат Осогово – Охрид, Саса – Тетес, Карорман – Арсими, Вардар (Н) – Скопје.

ДВОЈКИ ЗА 5.КОЛО – ДЕНЕСКА 15 Ч

ОСОГОВО – ОХРИД

БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА

НОВАЦИ – БАШКИМИ

САСА –ТЕТЕКС

ДЕТОНИТ – БЕСА

КОЖУВ – ПЕЛИСТЕР

КАРАОРМАН – АРСИМИ

ВАРДАР (Н) – СКОПЈЕ

ТАБЕЛА

Беса 12, Кожув 12, Пелистер 10, Детонит 10, Башкими 9, Победа 7, Беласица 6, Новаци 6, Охрид 4, Скопје 4, Арсими 3, Вардар (Н) 3, Караорман 3, Тетекс 3, Саса 1, Осогово 0 бодови

ПретходноПСЖ со најлош старт во „ерата“ на Шеиците
СледноСудиската организација бара извинување од Борко Ристовски: Дали ова е притисок врз службените лица пред дерби дуелот?