Дортмунд извлече три бода од Фрајбург, Хумелс со рекорд

63

Во интересен и возбудлив натпревар Борусија Дортмунд го совлада Фрајбург во гости 4:2 во рамките на 4.коло на Бундес лигата.
Два гола за „милионерите“ постигна Матс Хумелс што е невообичаено за него како дефанзивец, а освен тоа е првиот фудбалер кој дава гол(ови) 16-та сезона по ред во Бундес по Олаф Тон од 1984/85 до 1999/2000.
Хумелс го отвори резултатот во 10 минута, меѓутоа во финишот на првото полувреме Фрајбург го сврте резултатот преку Холер и Хофлер.
Во второто полувреме Даниел Мален го изедначи резултатот на 2:2, следуваше црвен картон на Хофлер и погодок во 88 минута на Хумелс за пресврт од 2:3. Точка стави Марко Ројс.

РБ Лајпциг со 3:0 го совлада Аугзбург, а сите голови паднаа во првото полувреме.
На другите натпревари: Келн – Хофенхајм 1:3, Мајнц – Штутгарт 1:3, Волфсбург – Унион Берлин 2:1

FOTO> Twitter/BVB

ПретходноВМФЛ: Детонит ја шокираше Беса, Кожув го “скрши“ Пелистер, сега само гевгеличани се максимални! (видео)
СледноЛина не успеа да стигне до финалето на „Триглав куп“ во Скопје