Интер е газда на Милано: “Неро – аѕурите“ го декласираа Милан! (ВИДЕО)

283

 

Какво 238.дерби на градските ривали на Милано? Фантастично за Интер, разочарувачко за Милан. Интер – Милан 5:1 е епилогот на вечерашното “Дерби дела Мадонина“ на преполниот „Џузепе Меаца“. Тимот на Инзаги просто го декласираше составот на Пиоли за еуфорија на “сино – црниот“ дел на градот.

Европскиот вицешампион поведе со голот на Мкхтаријан уште во 5.минута. Следуваше “бомбата“ на Турам во 38.минута за 2:0. Со тој резултат се замина на пауза.

Милан со голот на Рафа Леао намали на 1:2 и се чинеше дека се враќа во мечот. Но тогаш Мкхатријан со својот втор гол во 69.минута зголеми на 3:1, а Чалханоглу со гол од пенал во 79.минута погоди за 4:1.И тоа не беше се, Фратези беше стрелец за конечни 5:1 во таа 90+3. минута.

Ова е историска победа за Интер,последен овој тим му дал пет гола на Милан во далечната 1974 кога исто така победи со 5:1.

Ова беше четврта победа на Интер во четвртиот меч сезонава во Серија А, ова беше и првиот примен гол на Интер, па сега има гол разлика 13:1, и со максинмални 12 бода е прв на табелата.

ПретходноМитровиќ: Ал Хилал е како Реал Мадрид, затоа и дојдов
СледноСловенија е „бронзена“ на Европското првенство во одбојка