Ливерпул со пресврт го совлада Вулверхемптон

99

Попладнево на „Молину“ се одигра мечот меѓу Вулверхемптон и Ливерпул од 5.коло на англиската Премиер лига. „Волците“ водеа на полувреме, а во второто Ливерпул го сврте резултатот и ги однесе бодовите.
Во седмата минута Педро Нето одлично продре по левата страна, префрли на другата статива, а таму Хванг ја погоди мрежата. Во 55 минута изедначи Коди Гакпо кој се најде на вистинското место по шутот на Салах од косо.
Во 85 минута фудбалерите на Ливерпул спречија напад на домашните, топката бргу ја префрлија на спротивната страна, а Робертсон успеа да погоди. Пет минути подоцна по брз контранапад, Харви Елиот со шут по земја и со помош на стативата ја затресе мрежата за конечни 1:3.
За Ливерпул ова е четврта победа сезонава, а Вулверхемптон го впиша четвртиот пораз.

ПретходноФабио Гросо е нов тренер на Лион
СледноПолувреме на Чаир: Шкупи напаѓа а Брера се брани, мрежите мируваат!