Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да стигне до финалето на „Триглав куп“ што се одржува во Скопје. Ѓорческа во полуфиналето загуби од Ивана Приморац со 0-2 во сетови 4-6 и 6-7.
Нашата тенисерка немаше свој ден иако важеше за фаворит не успеа да ја оправда улогата. Причината за поразот беа сервис грешките, ги имаше дури 14 двојни сервис грешки. Ова е и прва победа на Приморац над Ѓорческа во четвртиот меѓусебен дуел.
Во финалето Приморац ќе игра против Дејана Радмановиќ од Србија која со 2-1 ја победи Јустина Микулските од Литванија.