Штета, само што се врати во вистинската форма и тоа го покажа на средбите со Италија и Малт, нашиот репрезентативен стопер Ѓоко Зајков мора да оди на операција по повредата заработена на гостувањето на Малта.
Оваа вест ни ја потврди и селекторот Благоја Милевски.
„Да, точно е дека информациите за поредата на Зајков не се добри. Ќе мора да оди на операција, а колкава ќе биде паузата сега не можам да бидам дециден, јасно е дека после секоја операција следува и пауза. Ќе видиме допрва“ ни изјави Милевски.
Инаку Зајков ги повреди пршлените на вратот.