Италијанскиот шампион Наполи се спаси од пораз на гостувањето кај Џенова играјќи нерешено 2:2 во мечот од 4. коло во Серија А. Тимот на нашиот Елиф Елмас имаше негатива од 2:0 до 76. минута, но со головите на Распадори и на Политано, шампионот извади „жива глава“ од ова тешко гостување.
Елмас почна како стартер за гостите, но беше заменет веќе на полувремето. Интересно е што нашиот репрезентативец заработи жолт картон уште во 1 минута на средбата.
Џенова поведе преку Бани во 40. минута, додека Ретегуи во 56. минута веќе ги доведе домашните до 2:0.