Полска и се реваншира на Италија и го презема европскиот трон

215

По пауза од 14 години, одбојкарската репрезентација на Полска повторно е европски шампион. Во големото финале на 33. европско првенство, Полска успеа да и се реваншира на Италија за поразот на светското првенство пред една година.

Во исклучително доминантна партија, момците на Никола Грбиќ само го потврдија статусот на најголем фаворит за златото, па од групата во Скопје, се до ова финале, покажаа дека ова е нивна година. Полска вечерва славеше над Италија во преполната арена во Рим со 3:0 (25-20, 25-21, 25-23) потврдувајќи ја класата. Качмарек, Леон, Шливка… иако беа без капитенот Курек немаа тешка задача да го симнат од тронот досегашниот европски првак.

Италија во трите сета имаше проблем со приемот, а тоа сериозно им ја олесни работата на Полјаците. Леон со 13, Хубер со 12 и Качмарек со 10 поени ги предводеа Полјаците до европското злато. Лавиа со 13 и Микелето со 10 поени беа најдобри кај !аѕурите“ во чии редови денеска потвфрли Јури Романо.

За Полска ова е само втор златен медал низ историјата на европските првенства.

ПретходноНаполи се спаси од пораз кај Џенова, Елмас одигра само едно полувреме (ВИДЕО)
СледноФеликс блесна, Барселона го прегази Бетис (ВИДЕО)