Во 2011 година катарскиот инвенстициски фонд го купи мнозинскиот удел во сопственоста на ПСЖ, а потоа во 2012 година стана 100% сопственик на тој француски клуб. Од тој момент до денес ПСЖ прерасна во еден од најмоќните клубови во светот, освојуваше трофеи во домашното првенство, но сонува за титула во Лигата на шампиони.
ПСЖ на почетокот на оваа сезона не блеска. Овој тим го оствари најлошиот резултат во ерата на шеиците на стартот на есна сезона.
Францускиот првак во пет мечеви во домашниот шампионат има осум бодови, односно најмалку освоени бодови во првите пет кола од кога клубот е во рацете на богатите Катарци. Засега се чини дека местото на Луис Енрике е сигурно, но доколку не најде решение за оваа криза, неговата експресна смена ќе стане неизбежна.
По 5. коло, ПСЖ е трет на табелата со скор од две победи, две ремија и еден пораз.