Реал сака нови бекови – изборот е најбрзиот играч на светот и капитенот на Челзи

647

Реал Мадрид сака да ги реконструира бековските позиции. На десната страна долго време игра Дани Карвахал, но во последните сезони паѓа во формата. Па така „кралскиот клуб“ го пикирал Рис Џејмс, 23-годишниот нов капитен на Челзи, кој моментално е повреден. За „сините“ одигра 148 натпревари, а посебно беше добар во сезоната 2021/22 кога на 26 меча запиша пет погодоци и девет асистенции.
На левата бековска позиција изборот е Алфонсо Дејвис, според многумина најбрзиот фудбалер на светот. Канадскиот репрезентативец има 22 години и веќе има 157 натпревари за Баерн со ефект од осум голови и 28 асистенции. Оваа сезона тргна со три асистенции на три натпревари.

ПретходноФеликс блесна, Барселона го прегази Бетис (ВИДЕО)
СледноУф, ова болеше: Наместо голот, Роналдо го погоди камерманот (ВИДЕО)