Реал ја победи Барселона и закажа финале во шпанскиот Суперкуп

308

Екипата на Реал Мадрид стана првиот полуфиналист на шпанскиот Суперкуп турнир. „Кралевите“ победија против Барселона со 90:79 на завршниот турнир во Мурсија.

На овој начин мадриѓани се пласира во финалето каде ќе се соочат со победникот на мечот меѓу Мурсија и Уникаха Малага.

Џанан Муса постигна 24 поени во победата на Реал Мадрид. Факундо Кампацо имаше 17 поени и 5 асистенции во своето деби за Реал, а Габриел Дек придонесе со 14 поени.

Нико Лапровитола беше најдобар стрелец за Барселона со 27 поени.

ПретходноМанев со пораз дебитираше за Осијек
СледноТројца македонски борачи елиминирани уште во првиот ден од СП во Белград