Втор пат по ред Карлос Сајнц ќе стартува од пол позицијата. Пред две недели стартуваше прв на ГП на Италија, а денес Шпанецот беше најдобар во квалификациите и ќе стартува од првото место на ГП на Сингапур на патеката „Марина беј“.
Во една интересна серија шпанскиот возач на Ферари требаше да се бори за пол позицијата до самиот крај. Во последната фаза тој постигна време од 1:30.984 и стана првиот и единствен возач, кој успева да ја извози патеката „Марина беј“ под 1:31.
Втор од гридот ќе вози Џорџ Расел кој со 0.072 секунди беше побавен од Сајнц. Трет е Шарл Леклер, другиот возач на Ферари. До Леклер од вториот ред ќе застане Ландо Норис.
Петти и шести ќе стартуваат Луис Хамилтон и Кевин Магнусен. Прв пат годинава ниту еден од возачите на Ред Бул не успеа да стигне до третата квалификациска серија. Светскиот шампион Макс Верстапен ќе стартува од 11 позиција, а Серхио Перез од 13-тата позиција.