Како минува денот се повеќе информации пристигнуваат во врска со состојбата на Ријад Марез и што точно се случи со него. Тој по вечерата која што ја имал со неговата сопруга синоќа во еден од елитните ресторани во Џеда, Саудиска Арабија, се пожалил на болки во стомакот по што бил итно пренесен во болница. Лекарски тим веднаш констатирал сериозно труење, постоење на бактерија во неговиот стомак, а по сериозниот третман фудбалерот попладнево се чувствувал подобро. Но, сеуште ситуацијата е многу специфична.
Од друга страна пак, јавноста во Саудиска Арабија направи се, за да се скрие името на локалот каде што семејството Марез имало вечера но не успеа во тоа.
Сопругата на Ријад, Тејлор синоќа објавила на социјалните мрежи каде се наоѓа, плус фотографија од храната која што бил нарачана. Сега, се стравува од некаков револт на навивачите на Ал Ахли, кои се гневни што на нивната главна звезда му се случило токму ова.