Супер Брајтон го “реши“ Јунајтед на “Олд Трафорд“, Сити и Халанд си газат…(ВИДЕО)

143

 

Па, добро бре што се случува со Манчестер Јунајтед? Секако дека се прашуваат фановите на овој гигант ширум светот. Се чини дека и оваа сезона ќе биде залудна. Дојде фантастичниот Брајтон и без никакви проблеми го “реши“ тимот на Ерик Тен Хаг со 1:3. Се чини дека Брјтон уште еднаш покажа дека не се шегува. Велбек донесе водство од 0:1 во 20.минута. Во 53.минута Грос погоди за 0:1, а Жоао Педро во 71.минута реализираше за 0:3. Јунајтед две минути намали на 1:3 преку Мејбри. Ако не беше Онана на голот на Јунајтед овој пораз ќе беше катастриофален.

Манчестер Сити гостуваше кај Вест Хем, и губеше со 0:1, но тимот на Пеп е вистинска машина, па на крај победи со 1:3 и тоа со головите на Доку, Силва и се разбира Халанд. Сега европскиот првак има пет од пет во новата сезона во ПЛ.

Тотенхем со 2:1 го победи Шефил во меч за инфаркт, до 90+8.минута беше 0:1.Потоа стрелаа Ришарлисон и Кулушевски за победа. Исто така и Астон Вила со пресврт дојде до победа, дома губеше со 0:1 од Кристал Палас за да потоа победи со 3:1.

Фулам со голот на Карлос Винициус го победи Лутон со 1:0.

ПретходноЛина не успеа да стигне до финалето на „Триглав куп“ во Скопје
СледноВаленсија го растури тимот на Чоло Симеоне!