Тричковски повторно стрела за нова победа на АЕК Ларнака (ВИДЕО)

81

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски и натаму е алфа и омега во кипарскиот шампионат. На денешниот меч од 4. коло, неговиот тим АЕК Ларнака со 3:2 славеше дома против екипата на Отелос, а Тричковски постигна еден од головите за домашната екипа.

Нашиот интернационалец погоди за 2:1 во 38. минута, по што останат на теренот до 63. минута кога беше заменет. За Тричковски ова беше втор погодок сезонава.

ПретходноРакометарите на Голден Арт станаа специјалисти за драми
СледноАдетунџи со „проектил“ ја уништи Ц. Звезда (ВИДЕО)