На првиот ден од Светското првенство во борење во Белград, тројца македонски борачи веќе ги завршија настрапите. Најдолго на душекот се задржа Фати Вејсели, кој во категоријата до 70 килограми успеа да го мине првиот ривал Мајкл Стенли Аселстине од Канада победувајќи го со 7:0, но во осминафиналето беше запрен од Ерменецот Андерсјан со 5:2.
Бесир Алили и Дејан Митров не успеаја да ја минат првата рунда. Алили во категорија до 61 килограм беше совладан од Силва од Порторико со 3:2, додека Митров беше убедливо совладан од Синг Мен од Индија со 10:0 во категоријата до 86 килограми.
Македонија има уште четири борачи на ова СП, а веќе утре на душекот ќе се најдат и Владимир Егоров, Расул Шапиев и Ахмад Магомедов.