Италијанскиот стратег Фабио Гросо е нов тренер на екипата на Лион. Тој го наследува легендарниот Лорен Блан кој доби отказ на 11 август.
Гросо кој секако е некогашен светски шампион со репрезентацијата на Италија, е всушност поранешен играч на тимот на Лион, за кој настапуваше од 2007 до 2009. Тој потпиша двегодишен договор.
Гросо според најавите викендов ќе го следи мечот против Ле Авр од трибините, па од понеленик почнува со работа.