Чави: Барса нема да чека толку долго како Сити за да се врати на врвот во Европа

215

Чави Хернандез е убеден дека Барселона за кратко време ќе се врати на тронот во Европа. Предводникот на каталонскиот гигант потенцира дека ќе ја освојат Лигата на шампионите, и дека тоа нема да трае како што беше случајот со Манчестер Сити.

„Луѓето не се трпеливи. Барселона нема ништо заедничко со Манчестер Сити. Ова го знае и Гвардиола, разбира каков е начинот на функционирање тука. Сите бараат победи. Разбирам. Тие се резултат на добрите играи, но минатата сезона бевме одлични против Баерн, а на крајот бевме поразени со 0-2. Потоа ми кажаа дека најважно нешто е резултатот. Нема да чекаат толку долго како останатите клубови за да се вратиме на врвот“, рече Чави.

ПретходноРоналдо ќе го тужи Јувентус за неисплатени плати
СледноСе знае и името на ресторанот каде што се отрул Марез