Во интересен и возбудлив натпревар Борусија Дортмунд го совлада Фрајбург во гости 4:2 во рамките на 4.коло на Бундес лигата.
Два гола за „милионерите“ постигна Матс Хумелс што е невообичаено за него како дефанзивец, а освен тоа е првиот фудбалер кој дава гол(ови) 16-та сезона по ред во Бундес по Олаф Тон од 1984/85 до 1999/2000.
Хумелс го отвори резултатот во 10 минута, меѓутоа во финишот на првото полувреме Фрајбург го сврте резултатот преку Холер и Хофлер.
Во второто полувреме Даниел Мален го изедначи резултатот на 2:2, следуваше црвен картон на Хофлер и погодок во 88 минута на Хумелс за пресврт од 2:3. Точка стави Марко Ројс.
Goal! | Mats Hummels scored once again in this match. His team is close to three points
Freiburg 2-3 Borussia Dortmund 🇩🇪pic.twitter.com/5A6ZDatF8n
— FootColic ⚽️ (@FootColic) September 16, 2023
РБ Лајпциг со 3:0 го совлада Аугзбург, а сите голови паднаа во првото полувреме.
На другите натпревари: Келн – Хофенхајм 1:3, Мајнц – Штутгарт 1:3, Волфсбург – Унион Берлин 2:1
FOTO> Twitter/BVB